Skip to main content

Папата Франциск останува во болница поради лоша крвна слика, беше хоспитализиран поради бронхитис

Папата Франциск, кој минатата недела беше хоспитализиран поради бронхитис и инфекција на респираторниот тракт, ќе остане во болница откако анализите покажаа слаба крвна слика, а неговата терапија ќе биде соодветно модификувана, соопшти денеска Ватикан.

Резултатите од тестовите направени во последните денови и денес покажаа полимикробна инфекција на респираторниот тракт, што доведе до дополнителна промена на терапијата. Сите досега спроведени тестови укажуваат на сложена клиничка слика за која ќе биде потребна соодветна хоспитализација”, се наведува во соопштението од Ватикан.

Во соопштението се додава дека папата, и покрај неговата болест, успеал да се одмори изминатата ноќ и останува под надзор на лекарите, пренесува Ватикан Њуз.

Минатата недела, за време на миса во Ватикан, 88-годишниот понтиф побара од еден асистент да ја заврши неговата беседа бидејќи имаше потешкотии со дишењето. На 14 февруари тој беше примен во болницата „Агостино Џемели“ во Рим, за да му бидат направени анализи и да продолжи со третманот за бронхитисот.

Поврзани вести