Skip to main content

Паѓа град со величина на јајце, водата носи се пред себе, има мртви: Балканска земја на удар на невидено невреме

Силна бура проследена со ненадејни поплави ја погоди Романија, каде што две лица загинаа во последните 24 часа, а стотици се евакуирани од своите домови, јавуваат романските медиуми.

Еден човек загина во планинскиот регион Буковина кога дрво падна врз него. 50-годишниот спортист од Букурешт учествуваше во трка од 88 километри со пријатели. Тој беше на околу 20 километри од целта кога силните ветрови соборија огромно дрво, убивајќи го.

Бев еден или два километри пред него. Трчаше со уште тројца натпреварувачи. Одеднаш започна страшна бура. Ветерот беше суров, едвај можевме да се држиме на нозете, рече учесникот во трката Атила, пренесува Realitatea.

Втората жртва е пронајдена утрово во коритото на реката Неагре во градот Броштени, во округот Сучава. Според соопштението од службите за итни случаи на ISU Сучава, спасувачите го забележале безживотното тело додека ги проверувале поплавените подрачја, а високото ниво на вода го отежнало пристапот и евакуацијата.

Имам 69 години. Доживеав две големи поплави, но никогаш нешто вакво. Водата ми се искачи до половината, уште два сантиметри и ќе влезеше во куќата, рече жителот на Броштени, Неколај Танаса.

Во погодените подрачја паднаа обилни дождови, а во некои делови беше забележан и град со големина на јајце. Во североисточниот округ Неамц, околу 890 луѓе беа евакуирани поради ненадејното зголемување на нивото на реката Бистрица, кое достигна 390 сантиметри, четириесет над критичното ниво.

Хеликоптерите на SMURD (служби за итна медицинска помош и спасување) и тимовите за цивилна заштита од неколку области, вклучувајќи ги Клуж, Јаши, Муреш, Марамуреш, Салај и Вранчеа, исто така се на терен. Локалните власти предупредуваат дека бурата може да се прошири и во други делови од земјата, а метеоролозите предвидуваат пад на температурата под просекот за овој период од годината.

Поврзани вести