Skip to main content
УНГАРИЈА ГЛАСАШЕ

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа

Facebook / Orbán Viktor

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на опозицискиот лидер Петар Маѓар на изборната победа. 

По пристигнувањето на првичните резултати, стана јасно дека опозициската партија Тиса има голема предност пред Фидес на Орбан. 

– Резултатите од изборите се уште се нецелосни, но се јасни и болни за нас. Граѓаните не ни ја дадоа довербата и одговорноста да владееме и затоа и честитав на победничката партија, изјави Орбан на собирот на приврзаниците на Фидес во Будимпешта.

Истовремено Петар Маѓар, лидерот на партијата Тиса, потврди дека Орбан му честиташе на победата.

MИА

Поврзани вести