Skip to main content

Околу 60.000 македонски државјани во САД, најмногу во Мичиген и Њујорк

Најновите податоци од U.S. Census Bureau покажуваат дека македонската дијаспора во САД е најконцентрирана во сојузната држава Мичиген, каде што живеат 12.390 лица кои се изјасниле дека имаат македонско потекло.

Веднаш зад неа е Њујорк со 11.214 Македонци, додека на третото место се наоѓа Илиноис со 6.648. Значајни заедници има и во Њу Џерси (6.138), Охајо (4.986) и Индијана (3.898).

Податоците, кои се базираат на петгодишните проценки (ACS 2024), покажуваат дека македонската заедница е широко распространета низ САД, со присуство и во Калифорнија (3.286), Флорида (3.011) и Тексас (1.933).

Во втората половина од листата се наоѓаат Пенсилванија (1.500), Конектикат (1.335) и Масачусетс (1.142), додека помали, но стабилни заедници се регистрирани и во Вирџинија, Аризона, Вашингтон и Северна Каролина.

Интересно е што македонска дијаспора е евидентирана и во помалку очекувани држави како Алјаска (352) и Невада (301), што укажува на широка географска распределба.

Според методологијата, бројките се однесуваат на лица кои пријавиле македонско потекло, што значи дека реалниот број на иселеници може да биде и поголем.

Овие податоци ја потврдуваат долгогодишната тенденција на силно присуство на Македонци во североисточниот и индустрискиот дел на САД, особено во региони со историска миграција поврзана со индустријата и економските можности.

Поврзани вести