Skip to main content

Нобеловиот институт со одговор до Мачадо: Наградата за мир не може да му се пренесе на Трамп

Facebook / María Corina Machado

Нобеловиот институт од Норвешка соопшти дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друго лице. Ваквата порака доаѓа по изјавата на венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која сугерираше дека својата награда за 2025 година би можела да му ја отстапи на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението, Институтот наведува дека одлуката за доделување на Нобеловата награда е конечна и трајна, повикувајќи се на статутите на Нобеловата фондација кои не дозволуваат жалби или измени.

Откако ќе биде објавена, Нобеловата награда не може да биде отповикана, поделена ниту пренесена на други. Одлуката е конечна и важи за сите времиња“, порачаа од Норвешкиот Нобелов комитет.

Мачадо претходно за „Фокс Њуз“ изјави дека отстапувањето на наградата на Трамп би претставувало чин на благодарност од венецуелскиот народ за соборувањето на Николас Мадуро, кој минатата недела беше заробен од страна на САД. Трамп изјави дека би му било чест да ја прифати наградата доколку Мачадо му ја понуди за време на нивната средба во Вашингтон следната недела. 

Поврзани вести