Skip to main content

Нилсен: САД нема да го добијат Гренланд

Фото: Freepik

Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен на Фејсбук одговори на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат контролата врз островот.

– Дозволете ми да бидам јасен: САД нема да го сторат тоа. Ние никому не припаѓаме. Ние сами одлучуваме за нашата иднина, посочи Нилсен.

Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) наведе дека САД 100 отсто ќе ја преземат контролата врз Гренланд, додавајќи оти постои „добра можност“ тоа да се постигне без воена интервенција.

Не, никогаш не исклучувам воена сила. Но, мислам дека има добри шанси да го направиме тоа без неа. Ние имаме обврска да го заштитиме светот. Станува збор за светскиот мир и меѓународната безбедност. И додека сум претседател, тоа е моја одговорност. Не, не исклучувам ништо, посочи Трамп, кој и за време на неговиот прв мандат размислуваше да го купи најголемиот остров во светот. 

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за време на посетата на американската воена база Питуфик на 28 март изјави дека Данска го занемарува островот и на Гренланд би му било подобро со САД. 

Поврзани вести