
Украина го изгуби борбениот авион Мираж 2000 што се урна во лет поради дефект, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-За жал, изгубивме борбен авион. Многу ефикасен француски авион, еден од нашите ловци Мираж, рече Зеленски во говорот емитуван на веб-страницата на украинскиот претседател.
„Пилотот успеа да се катапултира, а авионот не беше соборен од Русите“, додаде тој.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека инцидентот се случил вчера вечерта и дека „немало жртви на земја“.
Пилотот пријавил дефект во авионот, а потоа, како што се очекуваше во кризна ситуација, се катапултирал и успешно.
Испораката на борбени авиони на Украина започна претходно оваа година како дел од француската помош, каде што се обучени украински пилоти и механичари