Skip to main content

Не се знае дали Украина ќе испрати делегација на новите преговори во Истанбул

Freepik

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска повтори дека пред да биде испратена делегација на мировните преговори во Истанбул, Киев сака да добие документ со предлозите на Русија.

За следниот состанок да биде содржаен и смислен, важно е однапред да се добие документ, така што делегацијата што ќе присуствува има право да разговара за релевантните позиции – истакна Сибиха на заедничката прес-конференција во Киев со турскиот колега Хакан Фидан.

Сибиха не прецизираше дали Украина ќе испрати делегација на 2 јуни во Истанбул ако не го добие рускиот меморандум.

Украински преговарач и министер за одбрана Рустем Умеров пред два дена изјави дека Киев веќе го предал својот меморандум, кратко време откако Кремљ предложи одржување на уште една рунда разговори во Истанбул.

Поврзани вести