Skip to main content

Нападната Русија: Жесток удар на Украинците за време на ноќта, оганот не престанува, небото е црвено

Во складиште за нафта во Смоленската област на западот на Русија утрово имало пожар во резервоарот за гориво, по напад со дронови извршен од украинските сили, соопшти регионалниот гувернер Василиј Анохин.

Во објава на својот канал Телеграм, тој објасни дека по нападот дошло до излевање гориво кое се запалило.

Како што наведе, руските системи за противвоздушна одбрана го спречиле нападот на украинските беспилотни летала, пренесува ТАС С.

Началникот на општината Јарцево во областа Смоленск, Роман Захаров изјави дека екипи на Министерството за вонредни ситуации гаснеат отворен пламен на местото на инцидентот.

Специјалните служби и надлежните органи ја испитуваат оваа ситуација, додаде тој.

Поврзани вести