Skip to main content

Најмалку седуммина загинати откако се преврте брод со бегалци од Мјанмар

Фото: Венгу ФБ

 Седум лица загинаа откако брод со околу 100 бегалци од Мјанмар се преврте кај северозападниот брег на Малезија, јави денеска новинската агенција Бернама, цитирајќи локални поморски власти.

Како што пренесе ДПА, постои стравување дека бројот на загинати би можел нагло да се зголеми, откако само 13 лица биле спасени во близина на бродот, кој се превртел вчера во близина на границата со соседен Тајланд.

Меѓу загинатите имало најмалку едно дете, девојче, јави новинската агенција, цитирајќи ја Малезиската агенција за поморска контрола (Malaysia Maritime Enforcement Agency), која соопшти дека потрагата по можни жртви ќе продолжи и утре.

Секоја година, стотици луѓе од Мјанмар ги ризикуваат своите животи на море барајќи засолниште во Малезија или Индонезија.

Многумина во Мјанмар бегаат од насилно прогонство под воената хунта, која ја презеде власта во 2021 година. Пред тоа, припадниците на муслиманското малцинство Рохинџи беа насилно истерани од своите домови во претежно будистичкиот Мјанмар. 

Поврзани вести