Skip to main content

Мерц: Не е вистина дека е прогласена вонредна состојба поради миграцијата

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Брисел негираше дека неговата влада прогласила вонредна состојба поради миграцијата, што вчера го објавија некои германски медиуми.

Никој во владата, а најмалку јас, не прогласи вонредна состојба. Но, ние ќе ги зајакнеме граничните контроли како што направивме во контекст на фудбалските натпревари минатата година, секогаш во согласност со европското право, и ги информиравме нашите соседи и партнери за ова – рече Мерц.

На Денот на Европа, Мерц денеска е во посета на Брисел на средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Поврзани вести