Skip to main content

Мерц: Можно е повторно воведување на задолжителна воена служба во Германија

Facebook/Friedrich Merz
Facebook/Friedrich Merz

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека владата ќе ја преиспита можноста за повторно воведување задолжителна воена служба доколку доброволните програми не успеат да привлечат доволен број војници во Бундесверот.

Споделувам став со министерот за одбрана дека Бундесверот има сериозен недостиг од персонал, изјави Мерц на заедничка прес-конференција со холандскиот премиер Дик Схоф во Берлин.

Тој нагласи дека доколку доброволното регрутирање не ги исполнува потребите на армијата, ќе мора да се разговара за дополнителни мерки. Според коалицискиот договор, службата треба првично да биде доброволна, но тоа не исклучува понатамошни измени.

Социјалдемократите, коалициски партнери на Мерц, се против повторно воведување на задолжителната служба во овој парламентарен состав. Но, новиот парламентарен комесар за вооружените сили Хенинг Оте оцени дека ваква мерка може да биде потребна и најави дека ќе ја постави на дневен ред до крајот на годината.

Поврзани вести