Skip to main content

Медински: Руската делегација е подготвена за конструктивни преговори со Украина

Шефот на руската делегација на преговорите во Истанбул, Владимир Медински, денеска изјави дека целта на директните контакти со украинската страна е воспоставување долгорочен мир преку решавање на коренските причини за конфликтот.

Обраќајќи се пред медиумите пред почетокот на преговорите, Медински нагласи дека рускиот тим ги има сите потребни компетенции и е подготвен за конструктивен дијалог, објавија руските медиуми.

-Нашата делегација ги смета овие преговори за продолжение на мировниот процес што беше прекинат во 2022 година, рече Медински.

Според него, целта на директните контакти со Украина е да се воспостави долгорочен мир преку отстранување на коренските причини за конфликтот.

Медински рече дека рускиот претседател Владимир Путин ги поставил задачите и ја дефинирал преговарачката позиција во Истанбул по состанокот со сите команданти на Централниот воен округ.

Поврзани вести