Skip to main content

Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада 

Маж вооружен со нож утрово се обидел да влезе во зграда каде се сместени административните служби на белгискиот премиер, но бил оневозможен во намерата и совладан од припадници воената полиција, јави дописникот на МИА од Брисел.  

Можеме да потврдиме дека околу 10:00 часот денеска, еден маж е уапсен пред владината зграда, соопшти бриселската полицијата. 

Директорот на Службата за односи со јавноста на премиерот Александер де Кро, Баренд Лејтс во изјава за весникот „Соар“ го потврди инцидентот. 

Лицето е однесено во полициска станица, изјави Лејтс, нагласувајќи дека при интервенцијата нема повредени полицајци. 

Полицијата информира дека приведениот „наводно бил вооружен со нож“ и упатувал закани кон присутните припадници на воената полиција, кои го совладале. 

Неговите мотиви засега се нејасни, се наведува во полициското соопштение, при што се додава дека во тек е полициска истрага за случајот. 

Идентитетот на приведениот засега не е соопштен.

Поврзани вести