Skip to main content

Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа

president.gov_.ua
president.gov.ua

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека заканата од палестинската милитантна организација „Хамас“ останува и по склучувањето на примирјето во Газа.

– Во наредните недели и месеци ќе има терористички напади и дестабилизација, изјави Макрон синоќа, пред заминувањето од египетското одморалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море, каде присуствуваше на церемонијата за потпишување на договорот меѓу „Хамас“ и Израел.

На прашање од новинарите дали се плаши дека „Хамас“ би можел да го пополни вакуумот на власта во Појасот Газа, Макрон изрази загриженост. – Сè уште сум загрижен, затоа што знаеме како функционираат терористичките групи. Не можеш да ја распуштиш организација со илјадници борци, со тунели и оружје, преку ноќ, потенцираше францускиот претседател.

Тој повика на строг меѓународен надзор на состојбата во Газа.

Поврзани вести