Skip to main content

Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за неделниот весник „Ла трибјун диманш“ ја опиша размената на остри зборови меѓу претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, завчера во Белата куќа, како „прес-конференција која заврши лошо“ и ги повика двајцата да покажат взаемно почитување.

Сепак, францускиот претседател рече дека не смета дека овој вербален конфликт е знак дека дошло до прекин на соработката, пренесува францускиот неделник.

Мислам дека сите треба да се вратиме на мирот, почитувањето и меѓусебното уважување за да можеме да напредуваме, бидејќи она што е во прашање е премногу значајно, рече Макрон.

Поврзани вести