Skip to main content

МААЕ соопшти дека нема зголемување на нивото на радијација надвор од трите нуклеарни објекти погодени од САД

Фото: Принтскрин

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изутринава соопшти дека нема „зголемување на нивото на радијација надвор од објектите“ по американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на нуклеарното надзорно тело на ОН објавено на платформата Икс.

„МААЕ може да потврди дека досега не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од територијата на објектите. Меѓународната агенција за атомска енергија ќе даде дополнителни проценки за ситуацијата во Иран кога ќе има повеќе информации“, се наведува во соопштението на МААЕ.

Поврзани вести