
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изрази подготвеност да ги прифати Украинците во неговата држава, ветувајќи дека ќе ги изедначи нивните права со правата на локалните жители во однос на медицината и образованието.
Отворени сме. Ве молиме дојдете, Украинци. Со задоволство ќе ве пречекаме. Ќе им обезбедиме на вашите семејства, на вашите деца живот како оној на Белорусите во однос на образованието и здравствената заштита“, изјави Лукашенко.
Белорускиот претседател додаде дека за него и за Белорусите, Украинците се благослов.
Тие се многу вредни луѓе кои нè разбираат и зборуваат ист јазик како нас“, изјави Лукашенко

Македонски








