Skip to main content

Либан доби нова Влада

По повеќе од три недели преговори денеска во Либан формирана нова Влада, која ќе има 24 министри.

Владата на Либан се формираше по директните интервенции на САД во процесот, што ќе му овозможи на Бејрут пристап до фондовите за обнова по минатогодишната војна помеѓу Израел и Хезболах.

Парламентот на Либан, по двегодишен застој, во јануари го избра новиот претседател на државата Жозеф Аун.

Либанските пратеници 13 пати гласаат за претседател на земјата. Либан беше без претседател од октомври 2022 година, кога истече мандатот на Мишел Аун.