Skip to main content

Летонија го забрани учењето на рускиот како странски јазик во училиштата

krisjanis-kazaks-on-unsplash
Рига, Летонија / krisjanis-kazaks-on-unsplash

Летонија донесе одлука да го забрани предавањето на рускиот јазик како странски јазик во училиштата.

Ограничувањата се на сила на 1 јануари 2026 година. Од истиот ден, не е дозволено телевизиско и радио емитување на руски јазик во државните медиуми. Покрај тоа, ДДВ-то за продажба на книги на руски јазик ќе се зголеми на 21%.

Властите на земјата, образложувајќи ја одлуката, соопштија дека во Летонија се создава единствен информативен простор, чија содржина мора да биде исклучиво на летонски или на еден од јазиците на Европската Унија.

Официјална Рига, оваа мерка ја објаснува како дел од националната безбедност.

Ваквата мерка ќе погоди голем број луѓе со оглед на тоа што речиси 40% од населението во земјата зборува руски.

Поврзани вести