
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на средба со неговиот киргистански колега Јенбек Кулубаев, изјави дека Западот никогаш не успеал и никогаш нема да успее да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија.
Сведоци сме на невидена конфронтација меѓу нашата земја и колективниот Запад, кој повторно одлучи да војува против нас и да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, во суштина користејќи го нацистичкиот режим во Киев како овен за удар. Западот никогаш не успеал во ова, а нема да успее ниту овој пат, изјави рускиот министер, според „Известија“.
Тој ја нагласи посебната важност на блиските врски со Киргистан во сите области.
Шефот на руската дипломатија истакна дека „и покрај санкциите и нелегитимниот притисок“ има зголемување на меѓусебната трговија меѓу Русија и Киргистан, и дека соработката во хуманитарните, образовните и другите сфери се шири, вклучително и на меѓународните платформи.