
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека сè уште нема официјални информации за евентуална посета на Москва на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Преговорите меѓу Русија и САД за завршување на конфликтот во Украина во голема мера се во застој, пред сè поради пренасочувањето на фокусот кон војната во Иран, каде што, исто така, се ангажирани Виткоф и Кушнер.
Песков истакна и дека засега не е планирана средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и секретарот на Светата столица за односите со државите, архиепископот Пол Ричард Галагер, кој следната недела треба да ја посети Москва.
Сепак, тој нагласи дека Русија високо ги цени напорите на сите земји и меѓународни актери што активно работат на изнаоѓање дипломатско решение за конфликтот во Украина.

Македонски


