Skip to main content

Кремљ повтори: Не сакаме европски мировни сили во Украина

Кремљ денеска го повтори своето противење на присуството на европските мировни сили во Украина за да се обезбеди потенцијален прекин на огнот, по коментарите на американскиот претседател Трамп кој тврди дека Русија ќе прифати таков потег.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, само истакна дека има официјален став на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров кога беше испрашуван за ова прашање. „Немам што да додадам на тоа“, рече Песков, цитиран од руските медиуми.

Говорејќи на маргините на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон вчера, Трамп беше прашан; „Дали ќе го убедите Владимир Путин да прифати европски војници како мировници? Американскиот претседател одговори: „Да, тој ќе прифати“.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров го нарече неприфатливо присуството на мировници од земјите на НАТО во Украина, додека неговиот заменик Александар Грушко го означи таквото распоредување како ескалација на војната што Москва ја започна пред три години.

Повеќето европски земји се членки на западната одбранбена алијанса НАТО. 

Поврзани вести