Кина ги отфрла тврдењата на ЦИА дека корона вирусот „истекол“ од лабораторија.
Заклучокот дека е малку веројатно истекување на лабораторија беше донесен од заеднички експертски тим од Кина и СЗО (Светска здравствена организација) врз основа на теренски посети на релевантни лаборатории во Вухан“, на прес-конференција изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
Таа додаде дека тоа е препознаено од меѓународната заедница, но и од научната заедница.
Според наодите од неколку студии, вирусот настанал природно и можеби се проширил меѓу луѓето кои биле изложени на заразени животни продадени на пазар во кинескиот град Вухан.