Skip to main content

Ким Џонг Ун ќе ја именува ќерка си за своја наследничка

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја избра својата ќерка, тинејџерка Ким Џу Ае за свој наследник и следен лидер на земјата, објави денеска Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја, пренесува Еј-би-си њуз.

Гласините за наследник беа масовна појава неодамна, бидејќи младата Ким Џу Ае често се појавуваше покрај својот татко, придружувајќи го на високи официјални настани, вклучувајќи ја и посетата на Пекинг во септември – нејзиното прво познато патување во странство.

Џу Ае е единственото познато дете на Ким Џонг Ун и неговата сопруга Ри Сол Џу.

НИС верува дека Ким Џонг Ун има постар син, но овој син никогаш не е идентификуван ниту претставен во севернокорејските медиуми.

Поврзани вести