Skip to main content

Келог: Светот мора повторно да воспостави максимален притисок врз Иран

Кит Келог, предложениот пратеник за Украина на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави дека светот мора да се врати на политиката на „максимален притисок“ врз Иран за да го претвори „во подемократска земја“.

Овие притисоци не се само кинетички, не се само воена сила, туку тие мора да бидат и економски и дипломатски, рече Келог на средбата со иранската опозициска група Национален совет за отпор на Иран (НЦРИ) во Париз, пренесуваат британските медиуми.

Келог изјави дека постои можност Иран да се промени на подобро, но дека оваа можност „нема да трае вечно“.

Мораме да ја искористиме слабоста што ја гледаме сега. Има надеж, мора да има акција, нагласи тој.

Трамп во кампањата вети дека ќе се врати на политиката што ја водеше во неговиот претходен мандат, која работеше на уништување на иранската економија со цел да ја принуди земјата да преговара за нејзината нуклеарна програма, програма за балистички ракети и регионални активности, додадоа британските медиуми.

Поврзани вести