Skip to main content

Келог: Шансите Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје се „мали или никакви“

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека шансите Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје се „мали или никакви“.

Шансите да си го вратат нуклеарното оружје се некаде помеѓу „тенки и воопшто ги нема“. Да бидеме искрени, сите знаеме дека тоа нема да се случи, изјави Келог за Фокс њуз, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека доколку САД не можат да гарантираат брза патека до членството во НАТО, Киев ќе прифати алтернативни безбедносни опции, вклучително и испорака на нуклеарно оружје.

Келог изјави дека американски национален безбедносен интерес е решавање на војната меѓу Русија и Украина, но вооружувањето на Украина со нуклеарно оружје „не е почеток на тоа решение“.

Запомнете, претседателот Трамп рече дека ние сме влада со здрав разум. Кога некој ќе каже нешто слично, погледнете го исходот или потенцијалот. За тоа го користите здравиот разум, рече Келог.

По распадот на Советскиот Сојуз, Украина во 1994 година се согласи да го предаде своето нуклеарно оружје на Русија во замена за гаранции од Русија, САД и Велика Британија дека нејзиниот суверенитет и независност ќе бидат почитувани.

Зеленски пред два дена ја потврди својата подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин лице в лице, доколку тоа е најдобрата опција за завршување на војната, иако шефот на Кремљ не се согласи на какви било лични средби со украинскиот лидер.

Трамп во неделата изјави дека првичните преговори започнале и со Украина и со Русија, а Келог оваа недела потврди дека Киев и Москва ќе мора да направат отстапки доколку има мировен договор, потсетува американскиот ТВ канал

Поврзани вести