Skip to main content

Катар и Јордан најавија инвестиции и поддршка за Сирија

Катар е подготвен да инвестира во енергетскиот сектор и пристаништата во Сирија, изјави сирискиот лидер Ахмед ал Шара по состанокот во Дамаск со катарскиот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Шара го прими и јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал-Сафади – првиот арапски министер за надворешни работи што го посети Дамаск откако „Хајат Тахрир ал-Шам“ (ХТС) го собори Башар ал Асад пред две недели.

Сафади рече дека Јордан е подготвен да помогне во обновата на Сирија.

Состаноците дополнително ги прошируваат дипломатските контакти на новата администрација во Дамаск.

Крајот на владеењето на Асад ја наруши геополитиката на Блискиот Исток, нанесувајќи му голем удар на Иран и отворајќи го патот за другите земји да воспостават нови врски со земјата на крстопатот во регионот, забележуваат агенциите.

Турција, долгогодишен поддржувач на сириската опозиција, беше првата земја што го испрати својот министер за надворешни работи во Дамаск.

Шара на заеднички брифинг со катарскиот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека разговарале за предизвиците во претстојниот период и дека го поканил емирот на Катар да ја посети Сирија.

Катарската земја изрази подготвеност за големи инвестиции во Сирија во многу сектори, меѓу кои особено во енергетскиот сектор, во кој имаат големо искуство, како и во пристаништата и аеродромите“, рече Шара. 

Поврзани вести