Skip to main content

Јермак: Украина не е подготвена за преговори, Русија не е во состојба да ја заштити ни својата територија

Шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, порача дека Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за ставање крај на војната, поради недостигот на оружје и јасни гаранции „дека рускиот претседател Владимир Путин нема повторно да нападне за две до три години“.

Затоа денес разговараме со нашите партнери зошто е толку важно да се зајакне Украина. Генерално, треба да го скршиме рускиот наратив дека Украина сака војна, посочи Јермак во интервју за Суспилне.

Тој наведе дека Украина не сака конфликт и „на ниту еден начин не ја испровоцирала Русија“.

Русија не дојде овде да заштити никого, бидејќи не е во состојба да ја заштити ниту својата територија, рече Јермак.

Според него, „важно за рускиот претседател е да продолжи со агресијата врз Украина“.

Значи, за да се отпочнат преговорите, Украина мора да биде силна и тогаш ќе може да разговара со Руската Федерација под еднакви услови. Затоа што сè што моментално доаѓа од Кремљ е јазик на ултиматуми, рече Јермак.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibom