Skip to main content

Израелска војска: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони

Израелската војска соопшти дека нападнала шест аеродроми во западен, источен и централен Иран, уништувајќи 15 авиони и хеликоптери како дел од нејзините „напори за продлабочување на воздушната супериорност на иранското небо“.

„Нападите оштетија писти, подземни бункери, авион за полнење гориво и авиони Ф-14, Ф-5 и АХ-1 што му припаѓаат на иранскиот режим“, соопшти израелската војска, пренесе Ен-Би-Си Њуз. 

Во соопштението се додава дека нападот ја нарушил можноста за полетување од овие аеродроми и работењето на иранските воздухопловни сили од нив.

Поврзани вести