
Најмалку тројца Палестинци загинаа во напад на израелски дрон во источниот дел на градот Газа, изјавија утрово палестински лекари.
Израелската војска соопшти дека утринава извршила артилериско гранатирање и неколку напади со беспилотни летала врз цели на палестинската милитантна група Хамас во северниот и централниот дел на Појасот Газа, бидејќи прекинот на огнот се уште не стапил во сила.
Армијата продолжува да оперира и да напаѓа терористички цели во Појасот Газа, се вели во соопштението на израелската армија.
Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, кој требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), беше одложен откако Хамас не ги соопшти имињата на заложниците кои ќе бидат ослободени.