
Според „Фајненшл тајмс“, околу 580 милиони долари во тргување со нафта беа реализирани 15 минути пред американскиот претседател Доналд Трамп да објави дека имал „продуктивни“ разговори со Иран.
Според изданието, близу 6.200 договори за деривати на сурова нафта од типот Брент и WTI биле истргувани непосредно пред објавувата на Трамп, што доведе до пад на цените на нафтата и зголемување на акциите.

Ова предизвика загриженост за потенцијално претходно знаење, иако не се појавија докази, а официјалните лица негираат какво било кривично дело.
Официјални ирански претставници го демантираа Трамп дека имало значајни преговори, по што, цната на нафтата повторно порасна.

Македонски


