Skip to main content

Исламски џихад објави ново видео со израелски заложник

Палестинската екстремистичка група Исламски џихад денеска објави ново видео од израелски заложник.

На снимката 21-годишниот Ром Браславски од Ерусалим моли за ослободување, додека очајно си го чеша стомакот. „Не знам за каква болест се работи“, вели чешајќи и вика: „Доста, доста!“, пренесе ДПА.

Tргнете ме одовде, вели Браславски, обраќајќи му се на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Младиот човек беше киднапиран од палестински терористи на 7 октомври 2023 година од музичкиот фестивал Нова, каде што работеше како обезбедување.

Неговото семејство се согласи да се објави монтирана верзија на видеото. Околностите под кои е снимено се нејасни.

Израелското разузнавање соопшти дека 24 заложници и 35 тела на киднапирани моментално се чуваат во Појасот Газа. По прекинот на огнот од околу два месеци, израелската армија ги продолжи своите масовни напади во средината на март, откако не беше постигнат договор со Хамас за продолжување.

Роднините на заложниците го обвинуваат Нетанјаху дека со воената операција ги загрозил животите на нивните најблиски.

Поврзани вести