
Предложените измени на правилата за боледување предвидуваат и олеснувања за пациентите и матичните лекари, меѓу кои е укинување на задолжителните лабораториски испитувања кај дел од дијагнозите.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, во интервју за „Република“ вели дека таму каде што нема медицинска потреба, пациентите нема да се испраќаат во лабораторија само за да исполнат формален услов.
Кај тие дијагнози проценката ќе остане кај матичниот лекар, што треба да значи помалку непотребни упатувања и поедноставна постапка.
Кај дел од дијагнозите, пак, се предвидува и проширување на временската рамка во која матичниот лекар ќе може да постапува согласно утврдените критериуми.
– Не сакаме да создаваме администрација само заради администрација. Таму каде што медицински нема потреба од дополнителна постапка, таа не треба да се бара – нагласува Перински.
Тој додава дека измените не одат само во насока на порано применување на медицинските критериуми, туку и на отстранување на непотребните административни чекори.

Македонски


