Skip to main content

Иранците ја гаѓале приватната резиденција на Нетанјаху

Facebook/Benjamin Netanyahu

Цел на иранските балистички ракети денеска биле и приватната резиденција на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во Цезареја и електраната во Хадера, објавиja израелските медиуми.

Иран попладнево истела нов бран ракети кон Израел, но според „Џерусалем пост“ и „Тајмс оф Израел“, сите биле соборени од израелската пртиввоздушна одбрана.

Израелската војска објави дека жителите може да ги напуштат засолништата во сите делови од земјата, откако претходно беа вклучени сирени поради ирански ракетен напад. 

Конфликтот меѓу Израел и Иран трае веќе трет ден откако Израел изврши напади врз Иран. Иран возврати со ракетни удари врз Израел. Во конфликтот се загинати десетици луѓе од двете страни.

Поврзани вести