
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормутската Теснина.
Арагчи за иранската телевизија изјави дека договорот исто така вклучува укинување на американската блокада на Иран, но оти разговорите за иранската нуклеарна програма ќе почнат подоцна.
Би-Би-Си пренесува дека американски функционери потврдиле дел од деталите на договорот. Според нив, економските придобивки за Иран ќе зависат од тоа дали Техеран ќе ги исполни своите обврски.
Арагчи вели дека постојат „и поддржувачи и противници“ на најновите услови од договорот меѓу официјалните лица на Врховниот совет за национална безбедност.
Мораме да почекаме. Ако биде одобрен, договорот ќе биде потпишан на далечина – додаде тој.

Македонски



