
Иран се закани дека ќе го затвори теснецот Баб ел-Мандеб во Црвеното Море, во случај да биде извршена копнена инвазија на негова територија, пренесе ираската агенција „Тасним“.
„Теснецот Баб ел-Мандеб се смета за еден од најстратешки важните теснеци во светот, а Иран има и волја и способност да претставува реална закана за него; затоа, ако Американците сакаат да го решат проблемот со Ормутскиот Теснец со глупави мерки, треба да внимаваат да не додадат уште еден теснец на своите проблеми и тешка ситуација“, вели воен извор за публикацијата.

Баб ел-Мандеб се наоѓа помеѓу Јемен и Еритреја, поврзувајќи го Аденскиот Залив со Црвеното Море. Многу бродови што минуваат низ Суецкиот канал минуваат низ овој теснец.
Во затворање на овој морски премин, Иран би можел да има помош од неговите сојузници, Хутите д Јемен, чија територија гледа токму кон Баб ел-Мандеб.-Mandeb vo slučaj na kopnena

Македонски



