Skip to main content

Иран итно ќе купува кинески борбени авиони поради одличните перформанси покажани во војната меѓу Индија и Пакистан

military_material-from-pixabay
military_material-from-pixabay

Иранското Министерство за одбрана планира да купи купи 40 борбени авиони-ловци „J-10Ц“ од Кина во една набавка, поради тоа што покажале добри перформанси против француските авиони „Рафал“ за време на краткотрајната војна меѓу Индија и Пакистан оваа година, обајви порталот „Дефенс мирор“.

Како што се наведува во текстот, успехот на кинеските авиони во служба на пакистанското воздухопловство и на кинеските ракети воздух-воздух со кои се опремени, нагло ќе го зголеми интересот за извозни верзии на кинески ловци од четврта генерација и понови.

Анализите велат декиа Иран, во основа има мал избор за набавка на борбени авиони – Кина или Русија. Но, со оглед на тоа што Русија сега е преокупирана со војната во Украина и намалувањето на извозот на оружје, Кина се позиционира како најверојатен снабдувач на нови авиони. Може да се претпостави дека ќе се водат преговори и за снабдување со нови системи за воздушна одбрана и радари.

Иран, исто така, планира целосно да се откаже од употребата на ГПС и да премине на кинескиот систем Беиду, со цел да ја прекинат зависноста од западните комуникациски системи.

Поврзани вести