Skip to main content

Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната

Универзитетите низ Иран се затворени до понатамошно известување поради војната, објавија денеска иранските медиуми, пренесе ДПА.

Сите академски активности се суспендирани, објави реформистички ориентираниот онлајн портал „Еслахат њуз“, повикувајќи се на Министерството за наука.

Според извештајот, и часовите со физичко присуство и онлајн наставата се запрени, пренесува ДПА.

Поврзани вести