Skip to main content

Холандскиот министер за надворешни работи поднесе оставка откако не издејствува санкции против Израел

Instagram / ministerbz
Instagram / ministerbz

Шефот на холандската дипломатија, Каспар Велдкамп, од центристичката партија Нов општествен договор, поднесе оставка откако не успеа да обезбеди владина поддршка за дополнителни санкции против Израел.

Гледам дека не сум во позиција да преземам какви биле значителни дополнителни чекори за да извршам притисок врз Израел, изјави Велдкамп.

Тој во јули ги прогласи за „персона нон грата“ ултрадесничарските израелски министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич.

Оставката на Велдкамп нема да има политички последици бидејќи десничарската коалиција од јули функционира како привремена влада по излегувањето на ултрадесничарската партија на популистот Герт Вилдерс. Нови избори се закажани за крајот на октомври.

Владата, предводена од независниот премиер Дик Шуф, сега се состои само од десно-либералната Народна партија за слобода и демократија и десно-популистичката партија Движење на земјоделци и граѓани.

Претходно, опозициските партии во Парламентот поднесоа предлог за недоверба на Велдкамп. Тие бараа построги санкции против Израел поради хуманитарната криза во Појасот Газа. Велдкамп тврди дека се залагал за поригорозни санкции, но оти немал поддршка од владата. 

Поврзани вести