
Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин беше во епицентарот на масовниот напад на украинските беспилотни летала за време на неговата неодамнешна посета на регионот Курск, изјави командантот на дивизијата за воздушна одбрана Јуриј Дашкин за телевизискиот канал „Россија 1“.
Командантот на руската дивизија за противвоздушна одбрана Јуриј Дашкин ги сподели деталите со руските медиуми. Се се случило на 20 мај.
Хеликоптерот на претседателот се најде во центарот на нападот на непријателските беспилотни летала“, рече Дашкин.
Според него, нападот бил одбиен и руската војска успешно ја зачувала безбедноста на рускиот претседател.
Интензитетот на нападот значително се зголеми бидејќи хеликоптерот со главниот командант прелета над територијата на регионот Курск. Истовремено, спроведувавме борбени операции и го штитевме летот на претседателот“, додаде Дашкин.
Според него, за време на инцидентот руските единици собориле вкупно 46 украински беспилотни летала.
Овој инцидент доаѓа по се почестите напади со беспилотни летала на руска територија, особено во пограничните области.