
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, порача дека официјална Москва ќе бара засилени конкретни безбедносни гаранции за Украина при постигнуваето конечен мировен договор.
Ако зборуваме за мирно решавање на конфликтот во Украина, тогаш тој, се разбира, ќе има надворешни контури. Ќе бараме „армирано-бетонски“ безбедносни гаранции да бидат дел од тој договор, бидејќи само со нивно јасно формулирање може да се постигне траен мир во Украина и генерално да се зајакне регионалната безбедност. Дел од тие гаранции треба да биде неутралниот статус на Украина“, изјави Грушко.