Skip to main content

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот врз аеродромот во Лајпциг

Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да можат да ги уапсат, објави денеска весникот „Зидојче цајтунг“.

Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да можат да ги уапсат, објави денеска весникот „Зидојче цајтунг“.

Весникот објави дека истрагата против двајцата мажи, од кои едниот е државјанин на Летонија роден во Русија, а другиот е руски државјанин од Белорусија, ги поткрепува тврдењата на германската влада дека зад инцидентот стои Русија.

На аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август беше пронајден дрон со експлозив, кој подоцна беше деактивиран. Во негова близина се наоѓаа неколку украински карго-авиони, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина.

Според претходните информации, во близина на аеродромот беа пронајдени и траги од воен експлозив, додека во инцидентот учествувал уште најмалку еден дрон.

МИА

Поврзани вести