
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се изјасни за воведување нова форма на задолжителна воена служба за зајакнување на вооружените сили на земјата, кави ДПА.
Германија ја суспендираше регрутацијата во 2011 година, но таа останува вградена во Основниот закон, што е де факто Устав на Германија, и таа може да се врати со просто мнозинство во парламентот.
Сега ни е неопходна дебата за регрутацијата. Јас сум за задолжителна воена служба“, Штајнмаер за јавниот радиодифузен сервис ЗДФ.
Германскиот претседател го оправда својот став со променливата безбедносна ситуација во Европа, војната меѓу Русија и Украина и ставот на американската администрација кон трансатлантските односи.
Штајнмаер изјави дека министерот за одбрана Борис Писториус е во право што се стреми да го направи попривлечно приклучувањето кон германските вооружени сили – Бундесверот.
Но, Штајнмаер додаде, дека никој не знае дали тоа ќе биде доволно.
Затоа сега ни е потребна дебата за регрутацијата, дури и ако не можеме да ја спроведеме преку ноќ“, додаде тој.
Општа задолжителна служба, која би важела и за жените, меѓутоа, ќе бара измена на Основниот закон.
Германската влада на канцеларот Фридрих Мерц се обврза да бара доброволна воена служба како дел од својот коалициски договор, а министерот Писториус планира засилувањето на Бундесверот да го почне со 15.000 нови доброволни регрути.