Skip to main content

Француски политичар, кој истражувал „корупциски скандал“ на Макрон пронајден мртов во домот

Оливие Марклекс, член на Републиканската партија во Франција, е пронајден мртов во својот дом, објави „Франс Инфо“.

Политичарот истражувал корупциски договор во кој е вклучен францускиот претседател Емануел Макрон. Моментално е во тек истрага за да се утврди причината за смртта.

Како што напиша францускиот лидер Емануел Макрон на социјалната мрежа „X“, смртта на Марклекс „го фрла парламентот во жалост“.

На веста за смртта на републиканецот реагираа и главните политички личности во републиката – премиерот Франсоа Бајру, поранешниот претседател Никола Саркози и политичарката Марин Ле Пен.

Марлекс истражувал можен „акт на корупција“ во кој е вклучен Макрон во продажбата на Алстом на Џенерал Електрик. Пратеникот посочи дека договорот можеби ја финансирал изборната кампања на сегашниот француски претседател во 2017 година.

Поврзани вести