Skip to main content

Форин офисот ги предупредува британските граѓани за зголемен тероризам во Македонија


Британскиот Форин Офис издаде предупредување до британските државјани кои планираат да ја посетат Македонија, поради зголемен ризик од тероризам во земјата.

Покрај советот за тероризам, Форин Офисот ги истакнува повремените политички немири во Македонија.

.express.co.uk пишува дека македонските власти спровеле антитерористички операции против осомничени екстремисти поради потенцијалниот ризик од екстремистичките идеологии во регионот.

Туристите се потсетуваат да бидат претпазливи и да бидат подготвени да ги приспособат своите планови доколку е потребно за да се осигура нивната безбедност.