
Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење na шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле опфатени со санкциите против Русија.
Како што пишува весникот „Берлинер Цајтунг“, санкциите го отежнале купувањето резервни делови и одржувањето на авионите. Во февруари 2024 година, ЕУ воведе санкции врз производителот на хеликоптери „SC National Helicopter Centre Mil & Kamov“.
Како резултат на тоа, хеликоптерите Ка-32 претходно користени за гаснење пожари во Шпанија, Португалија, Грција, Бугарија и Кипар повеќе не се способни за летање. Според весникот, шпанските власти се обиделе да обезбедат исклучоци од санкциите за да добијат резервни делови, но без успех.
Брисел одговорил дека на Мадрид му е дадено доволно време да најде замени од европски производители, како што е „Ербас“. Сепак, весникот тврди дека парите биле потрошени за Украина и дека останале недоволно средства за замена на леталата.
Соседна Португалија исто така не можела да помогне, бидејќи ги префрлила своите шест хеликоптери Ка-32 во Украина.

Македонски


