Skip to main content

ФИДЕС: Обвинителството изврши претрес во центарот каде што се нашите сервери

Facebook/Orbán Viktor

Опозициската партија ФИДЕС на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан соопшти дека претставници на обвинителството извршиле претрес во центарот за податоци каде што се наоѓаат серверите на партијата.

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, ФИДЕС тврди дека истражителите пристигнале без претходна најава со намера да го запленат комуникацискиот систем и базите на податоци на партијата.

Истражители од обвинителството без предупредување дојдоа во центарот за податоци каде што се наоѓаат серверите на ФИДЕС со намера да го запленат целиот комуникациски систем на партијата и нејзините бази на податоци“ – се наведува во соопштението.

Според ФИДЕС, ваков потег нема преседан од 1990 година, кога во Унгарија заврши комунистичкиот режим.

Самоволието достигна ново ниво – изјави директорот за комуникации на ФИДЕС, Берталан Хаваши.

Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, ги загуби парламентарните избори во април. Новата влада, предводена од Петер Маѓар, најави демонтирање на системот што, според неа, Орбан го изградил за контрола врз институциите, како и засилена борба против корупцијата.

Во последните недели Владата усвои повеќе законски измени, кои ФИДЕС ги оцени како „автократски“. За време на владеењето на Орбан, пак, и неговата партија честопати се соочуваше со слични обвинувања.

Хаваши изјави дека, откако обидите на владејачката партија ТИСА политички да ја ослабне ФИДЕС не успеале, сега се прави обид партијата да биде „неутрализирана“ преку правни средства.

Тој порача дека ФИДЕС нема да потклекне на политички или правни закани, нема да се повлече и ќе се спротивстави на, како што наведе, „насилната автократија“ на ТИСА.

Поврзани вести