Skip to main content

Фицо: Да одбележиме 80 години од крајот на Втората светска војна со завршување на конфликтот во Украина

Можеме да ја одбележиме 80-годишнината од крајот на Втората светска војна со запирање на конфликтот во Украина. Вклучувањето на Доналд Трамп во мировниот процес во Украина е за пофалба. Русија имаше сериозни безбедносни причини за почнување на овој конфликт, како што е проширувањето на НАТО“, порача словачкиот премиер, Роберт Фицо.

Тој додаде дека конфликтот ќе завршеше веднаш доколку повеќето земји од ЕУ не поддржаа употреба на украинскиот конфликт за слабеење на Русија. Според Фицо, освен Словачка и Унгарија, сите други земји од ЕУ ја поддржале стратегијата што доведе до страдање на Украина.

Денес е очигледно дека ограничената воена и политичка поддршка, заедно со неуспешните антируски санкции, не донесоа никакви резултати. На претседателот Зеленски му треба конфликтот. Додека конфликтот продолжува, демократски избори не се можни, а тоа многу го загрижува“, нагласи словачкиот премиер.

Поврзани вести