
Европската комисија гласаше за воведување царини од 25 отсто за американски стоки во вредност од околу 22 милијарди евра како прв дел од одговорот на трговската војна на Трамп.
Листата на ЕУ вклучува земјоделски производи како што се соја, бадеми, месо, тутун, боровинки, сок од портокал, како и железо, челик и алуминиум и текстил.
Се очекува некои од тарифите да стапат во сила на 15 април, за други од средината на мај, а царините за американските бадеми ќе бидат воведени од 1 декември.